Растат шансите на Алиоски и на Лидс за промоција во Премиер лигата

Растат шансите на Езџан Алиоски и на Лидс заедно со Вест Бромвич албион да бидат промовирани во нови премиерлигаши без да продолжи првенството во популарната Шампионат лига.

Ваква опција ќе биде утре на маса при новата средба на главните фудбалски фактори во Англија, а ќе се одлучува дали и кога ќе продолжат фудбалските натпреварувања на Островот.

Петок е новиот ден за нови планови како да се надмине кризата со корона-вирусот и да се доигра сезоната која е во прекин од почетокот на март.

Според англиските медиуми, новиот план е да се направи напор Премиер лигата да се доигра до 30 јуни, а останаа уште девет кола.

Тоа би се совпаднало со планот на УЕФА, која побара сите национални федерации да направат напор домашните првенства да завршат до крајот на јуни.

Можна опција за Англичаните е да прогласат предвремен крај за сите пониски лиги, а најголема дилема е што да се прави со Шампионат лигата, која е втора по квалитет, зад Премиер лигата.

Таму моментно Лидс е лидер со 71 бод, еден повеќе од ВБА и 7 во плус во однос на Фулам. Според правилата во нормални услови, првопласираните две екипи обезбедуваат директен пласман во најсилната англиска лига, а четирите екипи што се зад нив на табелата играат баражи за уште едно место што води во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести