Министерството за внатрешни работи на Велика Британија и фудбалската полиција ги објавија статистичките податоци за бројот на уапсени навивачи и изречени забрани за посетување на стадионите за минатата 2022/2023 сезона.
Бројката од 2.264 уапсени на фудбалските терени е најголема од 2014 наваму, а изречени се и 1.624 забрани за посетување на фудбалските стадиони.
Најмногу уапсени навивачи има екипата на Вест хем, 89. Следуваат Манчестер јунајтед со 83 и Лидс со 69 уапсени навивачи. Кај забраните за посетување на фудбалските натпревари предничат навивачите на Црвените ѓаволи со 69 забрани, а следуваат оние на Милвол со 66 и на Лестер со 56.
Минатата сезона на терените во Англија и Велс имало вкупно 45 милиони гледачи, што би значело дека имало по пет уапсени на 100.000 гледачи.