Раул Гонзалес веќе не е селектор на Македонија!

Ракометната Федерација на Македонија ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и селекторот на машката сениорска машка репрезентација, Раул Гонзалес, взаемно се спогодија да ја прекинат соработката.

„Земајќи ја предвид потребата машката А-селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и ќе биде во тек со сите збиднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се слогласија околу прекинувањето на соработката. Би сакале да му се заблагодариме на Ел команданте за досегашното работењe со нашиот А-тим и му посакуваме сè најдобро: многу успеси и многу титули во иднина. Иако ќе ни недостасува неговата смиреност и тактичност на клупата, продолжуваме секој со своите предизвици кон нови победи“, објавија од РФМ.

- Оглас -

Најнови вести