Раул истрча маратон за помалку од 3 часа

Легендарниот шпански фудбалер и долгогодишен капитен на Реал Мадрид, Раул Гонзалес, по завршувањето на играчката кариера, „пензионерските денови“ ги минува трчајќи маратони. На Раул, спортот и трчањето му се во крвта, па тој е максимално активен и сега, на два месеца пред да наполни 42 години.

Раул настапи на мадридски маратон, и оние 42 километри ги истрча за помалку од три часа, што е одличен резултат за некој што не е професионален маратонец. Раул го освои 208-мото место, имаше време од 2 часа, 59 минути и 25 секунди (просек од 4,15 минути по километар), што е за дури 26 минути подобро време од неговиот претходен настап на атлетски маратон, во Њујорк 2016 година.

- Оглас -

Најнови вести