Раул: Нема простор за многу радост, следуваат нови предизвици

Мисијата која се нарекуваше „победа над Јапонија“ е остварена. Убедливи 38:29 за први два бода и отворање на Светското првенство како што посакувавме. Селекторот Раул Гонзалес е задоволен, посебно го истакна голманот Борко Ристовски, но потенцираше дека има уште многу да се игра на планетарниот собир.

„Борко бранеше одлично и благодарение на неговите одбрани, успеавме да стигнеме до поголема предност во првото полувреме. За добар настап на СП мора да имаме голмани кои ќе бидат во врвна форма, а Борко беше на тоа ниво. Успеавме да победиме со разлика која е можеби повисока од тоа што беше текот на мечот. Ова е само прв меч и не треба многу да се радуваме. Следуваат нови предизвици“, рече селекторот Раул по мечот.

- Оглас -

Најнови вести