Разиграните Јапонци го намачија Уругвај (Видео)

Јапонија одигра извонредно против еден од фаворитите на Копа Америка, Уругвај и успеа да ремизира 2:2 во меч што е еден од најдобрите на досегашниот тек на турнирот.

https://twitter.com/SportCentre8/status/1141919980838981637

Со двата гола на Коџи Мијоши, Јапонците двапати водеа, но искусните играчи на Уругвај успеваа да израмнат.

Суарес од пенал и Хозе Марија Хименес му донесоа еден бод на најтрофејниот состав на Копа Америка.

https://twitter.com/SportCentre8/status/1141923701744476160

Јапонците играат како гости на турнирот, имаат подмладен состав, а се чини дека и беа оштетени за пенал на самиот почеток од второто полувреме.

https://streamable.com/833ah

По премиерниот дуел од второто коло во групата Ц, Уругвај е лидер со 4 бода, пред Чиле со 3 и еден одигран меч, Јапонија има еден бод, а Еквадор е без бодови, исто како и Чиле со еден одигран натпревар.

 

- Оглас -

Најнови вести