Различни критериуми на судиите: За Наполи нема пенал, за Јувентус има (Фото)

Милан и Јувентус ремизираа 1:1 во првиот меч од полуфиналето во Купот на Италија. Росонерите беа на чекор од победа, но гостите со погодок од пенал во 90-тата минута стигнаа до нерешено. Кристијано Роналдо погоди од белата точка и донесе резултат кој повеќе ѝ одговара на Старата дама.

Пеналот за Јувентус покрена дилеми кај навивачите. Калабри беше во незгодна позиција кога шутот на Роналдо го погоди во рака. Судијата првично покажа дека нема пенал, но по сигнализирање од ВАР-собата, ја прегледа ситуацијата и покажа на белата точка.

Слична ситуација имаше и синоќа во полуфиналето од Купот меѓу Интер и Наполи. По нафрлувањето на Зјелински, топката во рака го удри Де Вреј, кој беше свртен со грб. Оваа ситуација е многу слична на таа што беше вечерва, но судиската одлука е различна.

Арбитерот на мечот меѓу Интер и Наполи реши дека нема пенал за Наполи, а тој што судеше вечерва даде пенал за Јувентус. Кој ли беше во право со одлуката?

 

- Оглас -

Најнови вести