Разликата е 56 сантиметри, поздравот на Таварес и градоначалникот на Мадрид стана хит!

Кошаркарите на Реал Мадрид по повод освоената титула во Евролигата, вчера беа на прием кај градоначалникот на шпанската престолнина Хосе Луис Мартинес Алмеида, а вечерва против Бетис продолжуваат со настапи во домашната лига.

Градоначалникот Алмеида се поздравуваше со сите играчи, а фотографијата од неговиот поздрав со центар Валтер Таварес стана хит. Алмеида е висок само 164 сантиметри и покрај 220-сантиметри високиот Таварес, буквално изгледаше како џуџе.

Таварес е огромен и мораше да се наведне, додека градоначалникот гледаше со високо подигната глава. Разликата од 56 сантиметри беше преочигледна и затоа фотографијата стана хит на социјалните мрежи.

Алмеида не делуваше толку инфериорен кога позираше покрај претседателот Флорентино Перес или покрај бековите на Реал како Серхио Љуљ кој му даде дрес.

 

- Оглас -

Најнови вести