Размена која можеше да ја смени историјата на НБА-лигата

Историјата на НБА-лигата можеше да биде многу поразлична доколку се оствареше планираната размена меѓу Њу Орлеанс хорнетс (сега Пеликанс) и Голден стејт вориорс. Наводно, Воините во 2011 година биле подготвени да ги дадат Стеф Кари и Клеј Томпсон за да ги добијат услугите на Крис Пол, меѓутоа искусниот плејмејкер одбил да игра во Западната конференција.

„Се сеќавам на тој обид за размена. Јас всушност никогаш не сакав да играм на Западот. Роден сум на источниот брег и сè додека не заиграв за Клиперс, не бев „луд“ по таа идеја. Сепак, со таа област се запознав при патувањата за натпреварите“, истакна Пол.

Трејдот пропадна, а Кари и Томпсон во меѓувреме прераснаа во врвни кошаркари кои ја предводеа франшизата на Голден стејт до три титули во НБА-лигата. Пол покрај тоа што играше за ЛА клиперс, на Западот настапуваше уште за Хјустон рокитс и Оклахома сити тандер, каде што се наоѓа сега.

- Оглас -

Најнови вести