Разочарување за навивачите на Барселона и Реал: Sвездата на Баерн ќе потпише нов договор

Шпанските и германските медиуми во изминатиот период шпекулираа дека Џошуа Кимих налето си заминува од Баерн Минхен и ќе се пресели во еден од шпанските гиганти. Наводно интерес за неговите услуги имало од Барселона и Реал Мадрид. Сепак, според последните информации, Кимих ќе го продолжи договорот со Баерн Минхен и нема да ја менува клупската средина.

Интересно, според тврдењата на медиумите, Кимих воопшто нема менаџер и сам преговара за продолжување на договорот со “баварците“, а понуда од Барселона воопшто не ни стигнала на негова адреса.

- Оглас -

Најнови вести