Разочарување за публиката во САД, Аргентина без Меси на двете пријателски во март

Лионел Меси има повреда на тетивата на десната нога, поради која ќе мора да ги пропушти пријателските натпревари за Аргентина против Ел Салвадор и Костарика, закажани за 23-ти односно 26-ти март. Овие пријателски мечеви ќе се играат во САД.

Меси ќе ги пропушти овие два дуели на светските шампиони, а целта му е да биде здрав и спремен за четвртфиналето во Купот на шампионите на КОНКАКАФ зоната (Северна и Средна Америка) каде со клубот Интер Мајами треба да игра против мексикански Монтереј (првиот меч е на 2 април).

- Оглас -

Најнови вести