Реакцијата на Клоп кога го прашаа за доаѓањето на Халанд во Сити кажува сè (Видео)

Ливерпул и Манчестер сити најверојатно до последната минута од последното коло ќе водат битка за титулата во Англија, а тренерот на Црвените од „Енфилд роуд“, Јирген Клоп, не можеше да остане без реакција откако беше потврдено дека Ерлинг Халанд од следната сезона ќе игра за Граѓаните.

„Тој е добар играч. Сепак, Сити никогаш нема да биде екипа која мечевите ги добива поради еден играч. Колку ќе биде тој засилување за Сити? Многу, тој е вистински ѕвер. Неколку пати беше повреден во Борусија, но кога е подготвен, е вистински ѕвер. За жал, тој е многу добро засилување“, рече Клоп.

- Оглас -

Најнови вести