Реакцијата на Кристијано после победата на Реал е легендарна (Фото)

Фудбалерот на Јувентус, а прв стрелец во историјата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, не ја пропушти шансата да даде свој краток коментар во врска со денешната победа на Кралскиот клуб на гостувањето кај Барселона.

Роналдо на своите профили по социјалните мрежи објави фотографија на која лежи полугол и се сонча, а коментарот му беше „Сиииии!“. Тоа е неговиот извик со кој уште од деновите кога играше за Реал ги славеше своите голови.

По разделбата на Реал и Роналдо во 2018 година, ни на клубот ни на играчот не им оди добро во Европа. Разделбата не им беше баш најпријателска, но потоа односите се стоплија, Роналдо беше присутен во Мадрид на претходното Ел Класико во Мадрид, кое Реал го доби со 2-0, и беше снимен како бурно го прославува едниот гол. Очигледно и денеска е задоволен што следниот противник на Јуве претрпе пораз.

- Оглас -

Најнови вести