Реакцијата на Меси по победничкиот гол на ПСЖ кажува многу (Видео)

Лионел Меси не сакаше да му подаде рака на тренерот Маурисио Покетино и многу лошо одреагира кога беше заменет за време на дербито од француската лига помеѓу ПСЖ и Лион, а речиси и да немаше никаква реакција или радост кога неговиот тимски колега Мауро Икарди во судиското продолжение даде гол за победа од 2-1.

Меси седеше на клупата и беше видно разочаран, не е навикнат да биде ваден од игра, па кога Икарди даде гол, цел стадион беше на нозе освен Меси. Неколку секунди подоцна, тој сепак стана и аплаудираше кратко.

https://www.youtube.com/watch?v=kZBnBm1crus

- Оглас -

Најнови вести