Покетино „покажа заби“: Јас сум шефот и јас одлучувам за измените

Лео Меси сè уште го нема постигнато првиот гол за Пари Сен Жермен, а на вчерашното дерби против Лион тој беше сменет во 76-тата минута. Аргентинскиот напаѓач на тоа реагираше зачудено и одби да се поздрави со тренерот Маурисио Покетино.

https://twitter.com/i/status/1439687558133338130

„Мислам дека на сите е познато колку добар тим имаме. Располагам со 35 одлични играчи и многу е тешко да се донесат исправни одлуки. Меѓутоа, важно е тие да бидат за доброто на тимот, пред и за време на натпреварот. Било тоа да се работи за позитивни или негативни измени, тоа е тоа што тренерите го прават покрај аут-линијата. Можеби на некој тоа ќе му се допадне или не, ама јас сум тој кој одлучува за измените и тоа нема да се промени“, изјави Покетино на прес-конференцијата.

ПСЖ славеше на вчерашниот меч против Лион со 2:1 со головите на Нејмар од пенал во 62-рата минута и на Мауро Икарди пред самиот крај. Резултатот го отвори Пакета, кој стрелаше успешно во 54-тата минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести