Реакцијата на тренерот на ПСЖ кога го слушна резултатот од Ел Класико (Видео)

Барселона уште еднаш потврди дека е најдобар тим во Шпанија откако со 2:0 го победи Реал Мадрид и во голем стил ја одбрани титулата во Примера дивисион. Со оваа победа Барселона стигна до 106 триумфи во Ел Класико и сега се израмни со вечниот ривал по бројот на триумфи во Ел Класико.

Додека се играше дербито на „Камп ноу“, Пари Сен Жермен играше во домашното првенство, каде што успеа минимално со 1:0 да го победи Брест. Со овој триумф Светците сега се само на еден чекор од одбрана на тронот во француското првенство. По победата, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, беше задоволен, но расположението дополнително му се подобри кога слушна како заврши дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид.

Веднаш по влегувањето во прес-салата Енрике прво што праша беше како заврши Ел Класико, а кога му кажаа дека е 2:0 за Барселона, веднаш изреагира радувајќи се и извикувајќи „Тооо“.

Енрике во кариерата го носеше дресот на Реал Мадрид од 1991 до 1996 година, а потоа направи трансфер директно во Барселона, каде што остана до 2004 година, кога и ја заврши играчката кариера. Потоа Енрике беше и тренер на Барселона, па јасно е дека каталонскиот гигант му е во срцето.

- Оглас -

Најнови вести