https://www.youtube.com/watch?v=bFvLuiJm9oU

Реакцијата на ѕвездата на Баерн покажува какво е чувството кога за првпат се игра на СП (ВИДЕО)

Канада по пауза од 36 години, ќе игра на Светско првенство, овојпат во Катар. Нема да настапи еден од најдобрите, ако не и најдобриот фудбалер од оваа држава, Алфонсо Дејвис, поради миокардитис, којшто се појавил како последица од ковид-19.

Тој од својата соба во Минхен го проследи натпреварот меѓу Канада и Јамајка, којшто неговата селекција го доби со 4:0 и го потврди настапот во Катар.

И покрај тоа што е еден од најдобрите фудбалери на Баерн Минхен и ги има освоено речиси сите поголеми трофеи во кариерата, неговата реакција дека за првпат ќе игра на Светско првенство е навистина емотивна.

- Оглас -

Најнови вести