Реал, Барса и Јуве слават, УЕФА ја прекина истрагата околу Суперлигата

Апелационото тело на УЕФА привремено ја суспендира истрагата против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус околу Суперлигата.

Како што се вели во соопштението на УЕФА, не смее да се ризикува со предвремени одлуки додека детално не се анализираат документите околу т.н. „Суперлига“ кои трите наведени гиганти ги доставија до Судот во Мадрид. УЕФА ќе мора да им исплати парична отштета доколку жалбата на Реал, Барса и Јуве се усвои во нивна корист.

Се чини дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, беше во право кога тврдеше дека клубовите-основачи на Суперлигата се заштитени со договорите и никакви закани нема да се остварат.

Од УЕФА се најавуваа строги казни за најбогатите клубови во Европа кои самоиницијативно покренаа проект да формираат сопствено елитно натпреварување од затворен тип, но се чини дека од тоа ништо нема да биде. Како што е познато, големата шестка од Англија, заедно со Атлетико Мадрид, Милан и Интер се повлекоа од проектот и дополнително ѝ се извинија на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести