Реал, Барса и Јувентус не се откажуваат, идната седмица ќе промовираат нов модел на Суперлигата

Триото гиганти Реал Мадрид, Барселона и Јувентус не се откажуваат од идејата да играат во Суперлига на Европа, независно од натпреварувањата на УЕФА, а најавија нов модел што ќе биде презентиран во текот на идната седмица.

Првиот обид во април лани пропадна за 48 часа, откако најпрво се откажаа шесте англиски екипи, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Челзи, Манчестер сити и Тотенхем, сите по притисокот на навивачите, кои беа против ваква лига и подоцна со закана на британската влада.

Тој модел беше планиран со 16 клубови, кои требаше да бидат постојани членки на Суперлигата, што наиде на уште еден отпор од останатите клубови.

Не беа вклучени Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и останати германски клубови, потоа и ПСЖ и француските клубови, па гиганти како Бенфика и Порто…

Сега се најавува нов модел со испаѓање од лигата, а и можност различни екипи да учествуваат.

Според италијанските медиуми, засега има шест сигурни учесници кои би биле дел од Суперлигата, а тоа се: Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Милан и Интер.

Првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели, треба да го претстави новиот проект, а меѓу другото, се предвидува натпреварите да се играат и во земји од кои ќе нема клубови во Суперлигата, како Луксембург, Република Ирска…

 

- Оглас -

Најнови вести