Англискиот фудбалер, Мејсон Гринвуд, летово направи трансфер од Манчестер јунајтед во Олимпик Марсеј за 26 милиони евра и се покажа како одлично засилување за екипата од Франција. 22-годишниот фудбалер има пет гола на четири меча за Марсеј, па веќе се најде на радарот на Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ и Баерн Минхен, кои уште на зиме ќе се обидат да го ангажираат.
Гринвуд долго беше надвор од фудбалот, поради обвинувањата за силување, но никогаш не беше осуден за тоа дело, бидејќи сведоците ги променија своите искази, иако еден период мина во протвор, а Манчестер јунајтед го суспендираше. Под притисок на јавноста, неколку екипи се откажаа од неговиот потпис и не го ангажираа.