Реал без Касемиро не знае за победа, како ќе биде вечер на „Месталја“?

Позитивниот тест на Касемиро за коронавирус, е најнегативното нешто што можеше да го слушне Зинедин Зидан во пресрет на гостувањето на Реал Мадрид кај Валенсија. Со Ковид-19 во Реал се заразени и Еден Азар и Милитао, но најголем проблем за Зидан е што вечерва на „Месталја“ нема да истрча Касемиро.

И во минатата сезона Касемиро не гостуваше кај Валенсија, а Реал одвај се спаси од пораз. Не само поради тоа, туку подолго време шпанскиот првак има проблем кога на терен го нема овој цврст Бразилец. Касемиро сезонава не беше стартер на два меча, со Реал Сосиедад и со Кадис, и на тие две средби Реал Мадрид не успеа да победи.

Во минатата сезона, Касемиро пропушти пет меча, а скорот на Реал беше две победи, две ремија и еден пораз. Една сезона пред тоа, Касемиро пропушти 14 меча и Реал загуби четири од нив. Слабоста на Реал во дефанзивниот дел на средниот ред без Касемиро ќе се почувствува.

Среќа за Реал и Зидан е што после овој меч со Валенсија има репрезентативна пауза, па лигата ќе продолжи за две недели, до кога Касемиро може да го надмине проблемот со коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести