7.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Реал до полноќ има право да го купи Нико Паз по повластена сума

Клаузулата според која Реал Мадрид може да го врати Нико Паз од Комо за само 8 милиони евра истекува денес, информира „Скај Спорт Италија“.

Уште од крајот на минатата сезона се зборува дека Кралевите имаат намера да го активираат враќањето на 20-годишниот аргентински играч за врска, но досега тоа не се случи.

Реал го продаде Нико Паз на Комо минатото лето за 6 милиони евра, но си задржа право за откуп. Првата опција истекува на 30 јуни 2025 година – денес, но клубот од Мадрид ќе има нови можности и во летото 2026 и 2027 година, кога ќе може да го врати играчот за 9, односно 10 милиони евра.

Нико Паз имаше одлична сезона во своето деби во Серија А, постигнувајќи шест гола и девет асистенции на 35 натпревари за Комо. Исто така, веќе дебитираше за сениорската репрезентација на Аргентина.

Во последните денови се појавија и информации дека за Нико Паз е заинтересиран Интер.

- Оглас -

Најнови вести