Реал е феномен, го дроби Манчестер сити со трет гол и е на прагот на финале во ЛШ (Видео)

Реал Мадрид прави невидени чуда во Лигата на шампионите, а и вечерва во вистинска драма на „Сантијаго Бернабеу“ го фрла на колена англискиот шампион Манчестер сити со трет гол за неколку минути, прв во продолженијата за предност од 3:1 што ги води во финалето во Париз против Ливерпул.

Карим Бензема со прецизен удар од пенал направи страотен пресврт во 95-тата минута, односно петта од првото продолжение, откако Реал со головите на Родриго во 90-тата и во 92-рата минута од регуларниот дел направи пресврт и се избори за продолженија.

Сити водеше со 1:0 во реваншот од полуфиналето во Мадрид со голот на Марез во 73-тата минута, но потклекна пред фуриозните напади на Кралскиот клуб.

Сега Реал е во предност од 3:1, или вкупно води со 6:5 и ако успее да издржи, ќе игра во Париз на 28 мај против Ливерпул за 14-та шампионска круна во Европа.

- Оглас -

Најнови вести