Реал ги претстави новите дресови: Втората и третата гарнитура се посебно интересни (Фото)

Стандардно бела боја е дресот со кој Реал Мадрид ќе игра на својот „Сантијаго Бернабеу“ во новата сезона. Кралскиот клуб реши да не експериментира кога се работи за основниот дрес, но затоа втората и третата комбинација на дресови ќе бидат навистина интересни.

Гостинските дресови ќе бидат во розева боја и потсетуваат на дресовите од сезоната 2014/15.

„Адидас“ е дизајнерот на дресовите на Реал, а во мадридскиот гигант се надеваат дека ќе имаат зголемена продажба од лани, посебно што сега Реал во новата сезона влегува како шампион на Шпанија. Третата комбинација на дресови се навистина интересни и може да се допаднат на многу фанови кои сакаат нешто поразлично од колекцијата на Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести