Реал го купи за 80 милиони евра, а сега ќе си оди само по една сезона?

Орелијан Чуамени само по една сезона во Реал Мадрид најверојатно ќе си замине и ќе има нов клуб за следната сезона.

Кралскиот клуб е пред конечен договор со Џуд Белингам, Тони Крос го продолжи договорот, а пред такво нешто е и Лука Модриќ, па Чуамени најверојатно ќе биде прекуброен и ќе си замине.

Французинот во Реал пристигна минатото лето од Монако за 80 милиони евра, а сега интерес за него има од Ливерпул. Преговорите помеѓу Реал и Ливерпул веќе се започнати.

- Оглас -

Најнови вести