Реал го плати 60 милиони евра, сега има понуда да го позајми за 20 пати помала сума

Реал Мадрид нема значаен бенефит од Лука Јовиќ и се обидува да го продаде скапото засилување што го плати 60 милиони евра при трансферот од Ајнтрахт Франкфурт пред две години.

Единствена конкретна понуда е таа на Интер, кој нуди да го ангажира Јовиќ на едногодишна позајмица за три милиони евра и потоа да има право да го откупи неговиот договор со Реал за околу 20 милиони евра.

Јовиќ не успеа да се наметне и кај новиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, лани одигра скромно како позајмен играч во Ајнтрахт Франкфурт, па цената драстично му паѓа.

Поранешниот српски репрезентативец имаше и неколку необични потези и скандали, особено во Србија, па и таму го загуби местото во националниот состав, па можеби Интер му е вистинска шанса за пресврт, ако Нераѕурите успеат да се договорат со Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести