Реал го преживеа пеколот во Памплона, јунак најомразениот играч во Шпанија (Видео)

Реал Мадрид триумфираше со 2-0 на секогаш непријатното гостување кај цврстата Осасуна, и во позитивно расположение заминува во Ливерпул каде во вторник игра меч од Лигата на шампионите.

Бразилското крило Винисиус беше во центарот на вниманието, беше главна мета на фаули и навреди, а се одмазди со асистенцијата до Валверде за 1-0 во 78-ма минута. За Уругваецот ова беше 150-ти меч во Ла Лига.

Претходно Винисиус утна една голема шанса, а потоа даде гол кој беше поништен поради офсајд на асистентот Асенсио. Но, малку подоцна Асенсио ја поправи својата грешка и даде гол кој ја запечати судбината на Осасуна која 12 години не знае за победа против Реал.

Реал е на пет бода зад Барселона, а лидерот утре игра дома со Кадиз.

 

- Оглас -

Најнови вести