10.8 C
Skopje
среда, 26 ноември 2025

Реал го сака Нико Паз во јануари, Комо не го пушта пред јуни

Фудбалерот на Комо, Нико Паз, се очекува да биде првото засилување за Реал Мадрид во 2026 година. Тој летото 2024 година направи трансфер од Кралскиот клуб во Комо за шест милиони евра, но Реал Мадрид го има правото прв да го откупи неговиот договор.

Флорентино Перес сака да го купи уште во јануари, но Комо нема намера да го пушти пред јуни бидејќи според договорот помеѓу двата клуба, Кралевите ќе може да го вратат Аргентинецот дури летото 2026 година.

Според последните информации, Паз веќе се согласил да се врати во Мадрид, па сега останува да се договорат уште клубовите.

- Оглас -

Најнови вести