Реал и Атлетико ќе почнат со едноминутен молк во чест на починатата легенда и идол на Рафаел Надал (ФОТО)

Вечерва во 21:00 часот се игра големото мадридско дерби меѓу Реал и Атлетико, а средбата ќе започне со едноминутен молк.

Вчера во Шпанија почина Мануел Сантана, своевремено еден од најдобрите тенисери во светот, и идол на големиот Рафаел Надал.

Во својата кариера, Сантана ги имаше освоено Вимблдон, Ролан Гарос и Ју-ес опен, а вкупната бројка на подигнати титули е 72 вклучувајќи ги и Олимписките игри.

„За мене секогаш ќе бидеш специјален и човек кој е моја икона и идол.

Уште еднаш илјада благодарам зошто го отвори патот на шпанските тенисери и за тоа што направи за оваа земја.

Ти беше засекогаш и ќе останеш мој идол и пријател кој беше близок со сите“ изјави Надал.

Сантана почина на 83-годишна возраст, во својот дом во Марбеља, Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести