Реал и Барса ги открија картите за утрешното Ел Класико

Реал Мадрид без Лука Јовиќ, а Барселона со вклучувањето на Жорди Алба, изненадија при објавувањето на листата на кандидати за утрешното Ел Класико на „Сантијаго Бернабеу“.

Зинедин Зидан го изостави Јовиќ од листата, од технички причини ќе ги нема и Хамес Родригес, Брахим Дијаз и Начо. Повредени се Азар и Асенсио, а Родриго е суспендиран. Јовиќ кој дојде за 60 милиони, за 770 минути има дадено само два гола, па Зизу ќе го остави на трибините, додека на клупа може да биде Маријано Дијаз кој фигурира на листата. Откако Србинот даде убав гол против Осасуна, доби само шест минути, иако се очекуваше дека ќе добие поголема шанса.

Кике Сетјен има проблеми со повредени и затоа реши на листата да го стави и Алба кој само што закрепна и им се врати на тренинзите. Иако го има на листата, мали се шансите да заигра утре. Клуата на Барселона е потенка, па веројатно истите, или со една до најмногу две измени кои се појавија против Наполи, ќе истрчаат и во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести