Реал игра против тим кој го победи на последните 10 меча, дербито е на „Сан Сиро“

1308 Реал Мадрид – Гранада (19:45 ч.)

Реал Мадрид влезе во одлична серија и има пет победи по ред, па Кралскиот клуб полн со оптимизам го чека и мечот против Гранада. И гостите играат добро, па во последните пет дуели се со три победи и две нерешени, без пораз.

Сепак, кога се работи за меѓусебни дуели, Реал е доминантен против Гранада. Статистиката покажува дека мадридскиот гигант победил на последните 10 меѓусебни средби, и тоа дури седум пати било со разлика од два или повеќе голови. Гранада е тим кој дава и прима погодоци, па на дуелот во Мадрид може да очекуваме барем три гола.

Предлог тип: 1&3+ (1.82)

 

1707 Лион – Нант (21 ч.)

Помина речиси првата половина од првенството во Франција, а Лион покажува дека има сили да му се спротистави на ПСЖ во трката за титулата. Само со еден пораз во 16 меча, Лион го дели првото место заедно со Лил, а ПСЖ има бод помалку.

Нант е тим кој нема победа на последните сеудм меча во првенството и реално не треба да му прави проблем на домаќинот. Одбраната е послабиот дел кај Нант, а Лион има квалитетен напад, па тука може да се очекуваат погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.75)

 

3004 Милан – Лацио (20:45 ч.)

Ниту многуте отсутни играчи не беа проблем Милан да победи во викенд-дуелот против Сасуоло, со што само се потврди дека тимот на Стефано Пиоли има квалитет. Росонерите засега се единствен тим без пораз во Топ 5 лигите, а на „Сан Сиро“ ќе им гостува Лацио, кој четирипати во шест гостински меча се радуваше сезонава во Серија А.

Традицијата вели дека овие мечеви се непредвидливи, а на шест од последните осум немало повеќе од два гола. На Милан му треба победа за да биде сигурен дека ќе остане лидер и по овој меч, но и Лацио е со свои калкулации, а посебно гостите се со подигната самодоверба по победата против Наполи.

Предлог тип: 1Х&0-3 (2.02)

 

3007 Наполи – Торино (20:45 ч.)

Наполи е единствениот тим во Серија А што нема одиграно нерешено. Реално, ако вечерва одигра реми против Торино, тоа ќе биде како неуспех за тимот од југот на Италија. Торино само со една победа во 13 меча е на дното од табелата со седум бода, колку што има и Џенова.

Торино ја има најслабата одбрана во лигата и досега прими 31 гол (2,4 по меч), што само е мотив за Наполи да нападне од првата минута.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.65)

 

1133 Стоук – Тотенхем (18:30 ч.)

Тотенхем гостува кај второлигашот Стоук во обид да стигне до полуфиналето од Лига купот на Англија. Тренерот на гостите, Жозе Мурињо, уште вчера се жалеше на квалитетот на теренот на кој треба да се игра, но тоа не би требало да биде некое алиби за евентуален неуспех на Тотенхем.

На Мурињо секој трофеј му е драг и сигурно нема да дозволи кикс против тим кој реално е послаб од лондонскиот премиерлигаш.

Предлог тип: 1+I& 2+ II (2.45)

 

- Оглас -

Најнови вести