Реал има план Б, резервната опција за Мбапе доаѓа од Сити?!

Раководството на Реал Мадрид не остава ништо на случајноста и веќе има план Б во случај да не успее да дојде до потписот на Килијан Мбапе. Одлуката за резервна опција падна на аргентинскиот напаѓач во редовите на Манчестер сити, Хулијан Алварес.

Тој се гледа како најдобра опција за нападот на Кралевите доколку не успеат во намерата да го добијат потписот на Мбапе. Алварес минатата година стана светски шампион со Аргентина, а неговата моментална вредност е 60 милиони евра. Има активен договор со Граѓаните до 2028 година.

- Оглас -

Најнови вести