Реал има само 20 отсто шанси дека ќе ја одбрани титулата во Шпанија

Реал Мадрид синоќа со гол во 89-тата минута се спаси од пораз на свој терен во дуелот со Реал Сосиедад. Кралскиот клуб во голем дел од мечот напаѓаше, но немаше многу чисти позиции за погодок.

Гостите први се израдуваа со голот на Порту во 55-тата минута и ја имаа предноста до пред крајот на средбата. Тогаш Жуниор Винисиус погоди за 1:1 и го спаси Реал од пораз. Иако Кралевите се спасија од пораз, останаа на третото место на табелата со 53 бода, пет помалку од лидерот Атлетико Мадрид, кој има и меч помалку.

Статистиката вели дека Реал има мала шанса да ја одбрани титулата според одиграните досегашни дуели. Во последните 50 сезони во Примера дивисион, кога Реал Мадрид имал барем четири порази во првите 24 кола, само во 20 отсто од случаите успевале да станат шампиони. Вкупно 10 пати се радувале на трофејот во ситуација во која се наоѓаат и сезонава.

Последен пат на Реал му успеало да биде првак во Шпанија со четири порази во првите 24 кола во сезоната 2007/08. Во следното коло Кралевите имаат шанса да покажат дали имаат шампионски амбиции за оваа сезона затоа што играат токму против лидерот Атлетико Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести