Реал испушти златна шанса, ВАР-технологијата им пресуди на мадриѓаните

Реал Мадрид се спаси од пораз против Севилја и одигра 2-2 во возбудлив меч по кој за Реал одбраната на титулата делува како невозможна мисија. Кралскиот клуб ја имаше судбината во свои раце, но не победи и остана на два бода зад Атлетико на три кола до крајот на сезонава. Сега веќе ништо не зависи од Реал, туку од Јорганџиите, кои ако ги добијат последните три меча, ќе освојат титула.

Вечерва во Мадрид имаше и контроверзни ситуации, во ВАР собата се прегледуваа четири ситуации и секогаш беше во полза на гостите. Најпрвин на Бензема му беше поништен гол поради офсајд на асистентот Одриозиола, па не беше досуден можен пенал за Реал, за на крајот да има пенал за Севилја, и тоа откако на другата страна врз Бензема беше направен друг пенал.

Азар не сакајќи (го удри топката по шутот на Крос), во судиското продолжение го спаси Реал од пораз, но тоа не е доволно за искачување на прво место. Драмата продолжува веќе од задутре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести