Реал ја продолжи „шпанската серија“ на лидерите со пораз од Кадис (видео)

Реал Мадрид претрпе шокантен пораз од минимални 0-1 против аутсајдерот Кадис и ја продолжи несекојдневната серија откако почна новата сезона во Ла Лига. Во сите шест кола досега, екипата која како лидер го дочекува колото трпи пораз. Пред Реал тоа им се случи на Валенсија, Гранада, Бетис и Хетафе.

Средбата во Мадрид ја реши Лозано во 16-тата минута по една навидум едноставна акција на гостите, која ефектно заврши во радост за 1-0. Ако за Зидан не беше доволно разочарување што ги загуби бодовите во овој меч, дополнителни лоши вести се раното излегување од игра на капитенот Рамос поради повреда.

Секако ќе се прават дополнителни прегледи да се утврди сериозноста на повредата, која се случи на една недела пред првото овосезонско Ел Класико.

- Оглас -

Најнови вести