Реал ќе го даде Бензема и плус пари само за да го добие Икарди од Интер

Реал Мадрид очајно е во потрага по класичен голгетер кој ќе знае да ги реализира создадените шанси. Кралскиот клуб сезонава има слаби резултати токму поради фактот дека тешко постигнува погодоци. Реал веќе постави нов неславен клупски рекорд по бројот на минути без даден гол, што беше само уште еден знак дека е потребен нов напаѓач.

Главниот фокус е ставен кон Мауро Икарди од Интер. Капитенот на „нераѕурите“ е во одлична форма, а тоа го покажа и синоќа во мечот против Барселона од Лигата на шампиони. Икарди даде гол против најголемиот ривал на Реал и не дозволи Интер да загуби дома.

Според некои најави, шпанскиот гигант е подготвен да го испрати Карим Бензема во Милано, но и да доплати значителна сума пари само да го добие Икарди во своите редови. Од Интер јасно кажаа дека не планираат да го продадат својот најдобар играч, но, сепак, кога Реал ќе посака некој фудбалер, тогаш секој трансфер е остварлив.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести