Реал ќе го направи најатрактивниот трансфер летово: Во Мадрид доаѓа ѕвездата од Бундеслигата

Реал Мадрид планира за наредната сезона да донесе вистинско засилување кое во следните години треба да биде главна ѕвезда во клубот. Тренерот на Кралскиот клуб, Зинедин Зидан верува дека доведувањето на Џејдон Санчо ќе биде вистински потег затоа што се работи за фудбалер кој го покажал талентот и квалитетот, а е млад и во следните 10-тина години треба да го достигне врвот од кариерата.

Санчо одлично се снајде во Борусија и Милионерите секако дека тешко ќе сакаат да се разделат со еден од најдобрите играчи, но според пишувањата, германскиот тим би се сложил за трансфер вреден 105 милиони евра. Сезонава во 27 меча во Бундеслигата, Санчо даде 17 голови.

Иако има само 20 години, Санчо веќе е стандарден и во репрезентацијата на Англија, каде има 11 настапи и два погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести