Реал ќе има засилување на Ел Класико – Роналдо е на трибините на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид ќе има засилување, но на трибините на „Сантијаго Бернабеу“, а Кристијано Роналдо ќе навива за својот поранешен клуб во Ел Класико против Барселона, во меч што ќе почне во 21 часот.

Португалецот има слободен викенд, откако беше одложено Дербито на Италија меѓу неговиот сегашен клуб Јувентус и Интер.

Поради Коронавирусот нема да се игра во Торино, па ЦР7 искористи момент за да скокне до Мадрид и да го гледа најголемиот фудбалски спектакл во Европа, мечот меѓу Реал и Барса.

- Оглас -

Најнови вести