Реал ќе се поднови со нов договор со „Адидас“, сумата е 1.6 милијарди евра за 12 години

Реал Мадрид и познатиот производител на спортска опрема „Адидас“ ќе ја продолжат соработката со нов договор до 2031 година, што ќе вреди неверојатни 1.6 милијарди евра.

Или по сезона „кралскиот клуб“ ќе инкасира од Адидас нешто повеќе од 120 милиони евра. Секако ќе бидат вклучени и бонуси за освоени титули во договорот што веќе е завршена работа, а се чека само да биде и официјално претставен, објави „Марка“.

Во 2016 година раководниот тим на Адидас ги сопре ваквите долгорочни договори, но сепак „дил“ со Реал Мадрид, кој е најтрофеен европски клуб не се пропушта.

Ова е највисок договор на германскиот производител со фудбалски клуб во историјата.

- Оглас -

Најнови вести