Мариано Диас е фудбалерот кој оваа сезона ја има најголемата заработувачка во Реал Мадрид ако се пресмета колку заработил за секоја минута на теренот. Овој фудбалер на теренот мина само 127 минути, а ќе заработи неверојатни 8.5 милиони евра.
Шпанецот кој има еден настап за репрезентацијата на Доминиканската Република, оваа сезона настапи на осум првенствени натпревари на кои собра вкупно 121 минута, потоа на еден натпревар од Лигата на шампионите играше пет минути и една минута помина на теренот на натпревар од светското клупско првенство.
Навивачите на Реал Мадрид го нарекуваат “паразит“ бидејќи поради парите кои ги заработува не сакаше предвреме да го раскине договорот и да си замине. Сепак, сега договорот му искува налето и нема да му биде продолжен, а Диас ќе биде слободен фудбалер да си бара нов клуб.
Реал Мадрид грешката ја направи во 2017-тата година кога го продаде во Лион за 8 милиони евра, но со клаузула да го откупи после една сезона доколку покаже добри игри во Лион. Тоа и се случи, таа сезона Диас постигна 21 погодок во француското првенство и Реал го откупи за 22 милиони евра, речиси трипати повеќе од сумата за која го продаде.

