Реал лесно преку Гранада, Родриго е во голгетерска серија

Реал Мадрид извојува рутинска победа од 2-0 против слабата Гранада која го претрпе десеттиот пораз во 15 кола.

Брахим Дијаз по трети пат на четири меча на кои е стартер, даде гол, а Родриго на пет меча по ред дава гол, и тие беа стрелци на головите.

За Реал ова е 13-та победа по ред дома против Гранада. Реал се искачи на првото место на табелата, бидејќи има подобра гол од разлика од Жирона.

- Оглас -

Најнови вести