Реал Мадрид без Зидан на клупата одигра фантастично
Кралевите стигнаа до лесна победа на гостувањето кај тимот кој славеше 100 години постоење

Реал Мадрид не му дозволи на Алавес да добие подарок за јубилејниот 100-ти роденден, па Кралскиот клуб ги освои трите бода на гостувањето. Кралевите беа без главниот тренер Зинедин Зидан кој има Коронавирус, но и без францускиот стратег, фаворитот лесно се справи со славеникот.
Касемиро во 15-тата минута ја најави победата, а до крајот на првиот дел погодија и Бензема и Азар. Белгискиот репрезентативец освен голот, имаше и асистенција за погодокот на Бензема, што е најава дека полека се враќа во посакуваната форма.
Жоселу даде почесен погодок за Алавес и намали на1:3, но Бензема со својот втор погодок ги постави конечните 4:1. Ова е прв пат Реал да даде четири гола по мечот со Уеска одигран на 31 октомври и славјето од 4:1 во Мадрид.
По 19 одиграни меча Реал има 40 бода и е на второто место на табелата, зад лидерот Атлетико Мадрид кој има 44 бодови, но од 17 одиграни средби.