Од натпреварот со Еибар на 6 април до наредниот на 15 април против Леганес, за Реал Мадрид значи осум дена по ред без меч, а вакво нешто последен пат на клубот му се случи во 2010 година. Вчера и денеска тимот има(ше) слободни денови, а нема да тренираат ниту во четврток.
Осум дена без меч и три дена одмор во една недела Реал немал уште од пролетта 2010 година, кога исто така во април беше надвор од конкуренција за трофеите во сезоната. А, не така одамна, само пред еден и пол месец, поточно од 24 февруари до 10 март, Реал со Сантијаго Солари како тренер, за 15 дена одигра пет меча и три за осум дена.
Тимот отпадна од Лигата на шампионите и од Купот на Шпанија, а и битката за титула во првенството е загубена. Сега Зинедин Зидан има доволно време да ги одмори своите играчи и да ги подготви за уште една нетипична работа за нив, а тоа е играњето во непопуларниот понеделнички термин.

