Реал Мадрид доби нов „број 1“ во екипата

Тибо Куртоа конечно го помина периодот на адаптација во Реал Мадрид и по почетните мечеви на кои имаше и неколку грешки, во продолжение на сезоната бранеше многу посигурно. Белгискиот репрезентативен чувар на мрежата и во новата сезона ќе биде прв голман на Реал Мадрид, но сега ќе биде нешто поинаку од претходно.

Голманот се пофали дека конечно ја добил „единицата“ во Реал Мадрид и ќе биде број 1. За Куртоа ова ќе биде 12-та сезона во професионалниот фудбал, а за прв пат на клупски план ќе биде со бројот 1 на грбот. Неговиот број досега најчесто беше 13 или 25, а сега се пофали на Твитер дека е број 1 во шпанскиот првак.

https://twitter.com/i/status/1302903563153272834

 

- Оглас -

Најнови вести