Реал Мадрид го доби ланскиот ривал во четвртфиналето, Елмас и Наполи имаат чист пат за до финалето

Реприза на ланското четвртфинале во Лигата на шампионите ќе има меѓу Реал Мадрид и Челзи, одлучи ждрепката во Нион. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со Наполи ќе игра против Милан, а пеколен пар е и Манчестер сити против Баерн Минхен. Интересно ќе биде и на дуелот Интер – Бенфика.

Првите мечеви ќе се играат на 11 и 12 април, а реванш-дуелите се закажани за 18 и 19 истиот месец.

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Реал Мадрид – Челзи

Интер – Бенфика

Манчестер сити – Баерн Минхен

Милан – Наполи

Во полуфиналето ќе играат победникот од Милан – Наполи против подобриот од Интер – Бенфика.

Полуфиналните дуели ќе се играат на 9 и 10 мај, а реваншите се за 16 и 17 мај. Финалето е на 10 јуни во Истанбул.

 

- Оглас -

Најнови вести