Реал Мадрид го носи напаѓачот од кој се ослободи пред 12 години?!

Реал Мадрид постојано е дел од шпекулациите дека е заинтересиран за Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, но тоа се фудбалери кои се под договор со големи клубови и тешко може да се реализира ваков трансфер.

Една од опциите на Реал Мадрид е и напаѓачот на Еспањол, Хоселу, кој на 32 години дебитираше за Шпанија и за две минути постигна два погодоци. Според шпекулациите неговата клаузула во договорот со Еспањол вели дека тој за 30 милиони евра може да си замине.

Хоселу за Еспањол оваа сезона одигра 30 натпревари, постигна 16 голови, а запиша и четири асистенции.

Интересно Хоселу веќе беше во “кралскиот“ клуб и тоа во 2011-тата година кога одигра само два натпревари, но постигна и два погодоци, а потоа направи трансфер во Хофенхајм, бидејќи не добиваше минутажа од Жозе Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести