Реал Мадрид го одреди новиот „галактикос“

Европскиот и шпански шампион Реал Мадрид идното лето планира со сите сили да тргне по потписот на играчот на Борусија Дортмунд, Џад Белингам.

Медиумите блиски со Реал Мадрид, „Ас“ и „Марка“, пишуваат дека скаутингот на 19-годишниот англиски репрезентативец му е доверен на главниот скаут на Кралевите, Јуни Калафат, кој е најзаслужен за трансферите на Винисиус, Федерико Валверде, Родриго, Каземиро…

Белингам на „Сантијаго Бернабеу“ би пристигнал како замена за Тони Крос, кој сè уште размислува дали да потпише нов договор или да замине во пензија, но според медиумите, Германецот е поблиску до одлуката за напуштање на Реал Мадрид.

Поради тоа, управата на Реал Мадрид веќе остварила контакт со претставници на Белингем, вклучително и негови роднини, но и со луѓето од Борусија за да можат да направат психолошки профил на потенцијалното засилување.

Според „Трансфермаркт“, Белингам се проценува на 90 милиони евра, но Борусија Дортмунд бара 150 милиони и нема намера да ја намали сумата за играчот чиј договор истекува 2025 година.

- Оглас -

Најнови вести