Реал Мадрид го промовираше дресот на следна сезона, личи на тој со кој ја освоија ЛШ (Фото)

Реал Мадрид ја освои титулата во Шпанија, а сега Кралскиот клуб е на еден чекор од нова титула и во Лигата на шампиони. Мадридскиот гигант ќе игра во финалето на ЛШ против Ливерпул на 28 мај во Париз.

Во исчекување на финалето во елитното натпреварување на УЕФА, Реал Мадрид денеска официјално ги промовираше домашните дресови за следната сезона. „Адидас“ заврши уште една добра работа, а дресот и фонтот на бројките и буквите многу потсетува на оние од сезоната 2001/02. Токму тој дрес од пред две децении, бил инспирација за новиот дрес на Реал.

Во 2002 година Реал стана европски првак кога во финалето на ЛШ со 2:1 го победи Баер Леверкузен, а Зинедин Зидан го постигна еден од најдобрите погодоци во историјата на ова натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести