За Реал Мадрид нема да биде новина да игра во портокалови дресови, но овојпат таа боја ќе биде на втората гарнитура која ја изработи „Адидас“, па актуелниот шпански и европски првак често ќе го гледаме во портокалово.
Како и секогаш, мислењата на фановите се поделени, за некои портокаловите дресови се супер, на други не им се допаѓаат.
„Портокалова боја со детали во различни нијанси на сина боја, дизајнот на овој дрес е роден од идејата дека не е важно каде се натпреварува тимот бидејќи навивачите на Реал Мадрид секогаш ги поврзуваат ѕвездите на небото“, велат од клубот.
🟠 ¿Os gusta nuestra nueva equipación?
👉 @adidasfootball pic.twitter.com/vR7PEh0mlA— Real Madrid C.F. (@realmadrid) July 22, 2024