Реал Мадрид ја гази Чизмата, кралските гостувања се кошмарни за италијанските клубови

Реал Мадрид ја гази Чизмата, а гостувањата на Кралскиот клуб станаа кошмарни за италијанските клубови. Вчера со победата од 1:0 против Интер на „Џузепе Меаца“, Реал стана единствениот клуб што 7 пати по ред триумфирал против екипи од Италија како гостин.

Серијата почна во 2016 година со победа против Рома од 2:0, а потоа следуваа успеси и против Наполи, Јувентус, пак против Римската волчица, со Интер, Аталанта и повторно против Интер вчеравечер во Лигата на шампионите.

Реал победи во Милано со 1:0 благодарение на голот на Рордиго во 89-тата минута, а интересен податок е дека во фантастичната серија од 7 победи по ред на гостувањата во Италија, постигна 14 гола, а прими само еден, од Наполи во 2017 година, кога славеа со 3:1.

 

- Оглас -

Најнови вести